Skip to main content
Дома
Градинка „13 Ноември“
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

ГРАДИНКАТА НАША, ДЕЛ ОД 30-ГОДИШНА БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА

Ојавено Вто, 02/04/2024 - 11:45AM

Во специјалното издание реализирано по повод триесетгодишнината од дипломатските односи меѓу Италија и Северна Македонија, во издание на Амбасадата на Италија во Скопје (22.03.2024 г.)

 , неслучајно се најде и нашата градинка, која е прва предучилишна установа што нуди изучување на Италијаскиот јазик за деца од 5-6 годишна возраст. Нашата идеја за курс по италијански јазик беше позитивно прифатена од институциите во Италија, а беше во целосна реализација, во вид на проект, на Институтот „Данте Алигиери“ - Скопје.

Градинката „13 Ноември“ – во текот на нејзиното долгогодишно постоење, честопати била зародиш на новини и промоции на современи педагошки практики, своевидна лабораторија за истражување и реализирање на проекти и иновации. Така и овојпат, што останува забележано како една билатерална придобивка на двете држави – соработнички.

 

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen