Skip to main content
Дома
Градинка „13 Ноември“
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

КОНФЕРЕНЦИСКО ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ЖИВО ОД ДОМА

Ојавено Пон, 13/04/2020 - 7:40AM

Развивањето на логичкото мислење, зајакнувањето на меморијата и когнитивните способности, поттикнувањето на вниманието и концентрацијата, надградувањето на знаењата со математичките логички плочки е вистински предизвик кај децата од 4-6 години. Поради тоа логичките плочки се користат како дел од математичките игровни активности кај децатата од тој период.
Задачата овој пат за групата „Јаболчиња“ од нашиот објект „Парк“, беше да изработат логички плочки со помош на своите родители од хартија во боја.Потоа сте деца од групата, заедно со нивниот воспитувач требаше да се уклучат на „ZOOM-HD Video Meeting“ и да ја сработат активноста.Тоа конференциско вклучување, не само што беше едукативно, туку и забавна за сите деца. Најпрво ги препознаваа логичките плочки по боја и форма, потоа децата ги решаваа зададените задачи со два и три признака, а на крај тие требаше да направат фигури од логички плочки.Голема благодарност до сите родители кои помогнаа да се реализира оваа конференциско вклучување во живо од дома.
Изготвил воспитувач:
Благица Чаневска
Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen