Skip to main content
Дома
Градинка „13 Ноември“
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

ОБУКА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ

Ојавено Пон, 19/07/2021 - 9:18AM

На ден 16.07.2021 во Матичниот објект се одржа работен состанок и обука наменета за вработените на установата во реализација на „Европас“ центарот  при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На овој работен состанок присуствуваа директорката, стручна служба, воспитувачи и негуватели.

Најнапред се одржа презентација за тоа што е Европас портфолио и Европас мобилност. Исто така, на овој состанок се дискутираше за Еразмус+ програма и другите европски образовни програми со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Презентерите споделија важни информации и искуства кои на слушателите им беа од голем значај. Истите ги охрабрија сите заинтересирани да го креираат својот Европас профил и да ги превземат следните чекори.

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen