Skip to main content
Дома
Градинка „13 Ноември“
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ Е НАШИОТ ПРИОРИТЕТ

Ојавено Чет, 27/04/2023 - 9:02AM

Во рамките на стручното усовршување на нашиот кадар, во салата на Матичниот објект, од страна на проф. д-р Лена Дамовска (Институт за педагогија, УКИМ, Филозофски факултет, Скопје) се реализира уште една успешна обука на тема: „Професионализмот и квалитетот во предучилишното воспитание и образование“.

Преку интерактивно предавање и работилници, во опуштена и позитивна атмосфера учесниците можеа да слушнат, но и да споделат лични искуства и предлози за успешни промени. На крајот на обуката сите слушатели освен сертификатот добија и книга чиј автор е Професорката, а која е наменета токму за практичарите кои работат во предучилишното образование.

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen