Skip to main content
Дома
Градинка „13 Ноември“
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ СЕРТИФИКАТИ

Ојавено Пон, 25/10/2021 - 12:49pm

Стручното и перманентното дообразување, како и подршката на професионалниот развој на стручниот и воспитно-згрижувачкиот кадар претставува континуиран, перманентен и сериозен процес на кој веќе години наназад градинката посветува големо внимание.

Во месец октомври стручниот тим и воспитно-згрижувачкиот кадар присуствуваа на онлајн едукативно предавање на тема „Ментална хигиена за деца од предучилишна возраст“, организирано од ЕУ Институт. Предавач беше проф. Д-р Зендел Абедин Шехи, претседател на „Европски Институт за менаџмент, право и дипломатија“. Целта беше вработените да се запознаат со поимите: емпатија, стрес (фактори и справување), детектирање на агресија кај деца и решенија за истото.

Успешната соработка Иститутот ја заокружи преку доделување на сертификати на сите учесници на предавањето, а воедно взаемно беа разменети и Благодарници помеѓу двете институции.

Фотографиите се од архива на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотограф Орце Доневски.

Во прилог линк од прилогот објавен на ВЕБ-страната на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје:

 

 

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen